Спасовски се сретна со новоименуваниот унгарски амбасадор
Денеска во Министерството за внатрешни работи се одржа протоколарна средба помеѓу министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и новоименуваниот амбасадор на Унгарија во нашата земја, Н.Е. Андраш Клајн, придружуван од аташето за внатрешни работи Иштван Шегеди.
На средбата се разговараше за поддршката која Унгарија ја дава на нашата земја во врска со пристапувањето кон ЕУ, како и континуираната поддршка која од 2015 година па наваму оваа земја ја дава во форма на испраќање на унгарски полициски службеници кои се распоредени на нашата јужна граница.
Имено, со реализацијата на меѓународната „Заедничката операција за засилен надзор на јужната граница на РМ, со ангажирање на полициски службеници од странство“, Унгарија е една од осумте земји чии полициски службеници партиципираат во активностите, заедно со припадници на граничната полиција во заеднички мешани патроли, вршејќи засилен надзор на јужниот дел од границата со цел спречување на обидите за илегален влез или излез на мигранти и откривање на случаи на криумчарење мигранти, што истовремено придонесува и за заштита на границите на ЕУ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орбан е сигурен: Војната во Украина ќе…
Вооружениот конфликт во Украина ќе заврши во…
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
Сијарто повика на меѓународна акција против прогонот…
Меѓународната заедница мора да преземе акција против…