Спасовски ќе присуствува на министерска конференција за борба против нелегална миграција во Виена

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на 21 и 22 февруари ќе учествува на Министерската конференција на Платформата за заедничка координација за ефикасна борба против нелегалната миграција долж Источномедитеранската рута, која ќе се одржи во Хофбург – Виена во Австрија.
Министерот Спасовски ќе има обраќања на двете панел сесии, „Регионални и национални аспекти – предизвици и тековна ситуација“ и „Елементи на регионален механизам и партнерства за враќање“.
Конференцијата е во организација на Федералното Министерство за внатрешни работи на Република Австрија и Платформата за заедничка координација за ефикасна борба против нелегалната миграција долж Источномедитеранската рута воспоставена во јуни 2021 година во Прага, Чешка, заедно со министрите и претставниците од Западен Балкан, Салцбуршкиот форум, Данска, Германија, Грција, Швајцарија, а во присуство на Европската комисија, Европската канцеларија за поддршка на азил (ЕАСО), ФРОНТЕКС и Меѓународниот центар за развој на миграциска политика (ИЦМПД).
На маргините на конференцијата, министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со Нотис Митараки, министер за миграција и азил на Елинската Република, а ќе се сретне и со Игор Џундев, шеф на постојаната мисија на Република Северна Македонија при ОБСЕ во Виена, како и со Кристин Шанер Бургенер, државен секретар за миграции на Швајцарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спасовски: МВР е посветено кон натамошното развивање…
Министерството за внатрешни работи е посветено кон…
Министерот Спасовски на работна средба со британската…
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска…
КОНФЕРЕНЦИЈА „СПРАВУВАЊЕ СО ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО МАКЕДОНИЈА“
Денес, 31 мај 2022 година во Скопје,…
Арсовска од Тирана: Наоѓаме начини како да…
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, е…
Спасовски ќе присуствува на министерска конференција за…
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на…