Спас за Прилеп: Бехтел и Енка е над законот
Граѓаните на протестот порачаа дека „Бехтел и Енка е над законот во оваа држава“, реагирајќи и на обидите, како што тврдат, да им се ограничи движењето и местото на протестирање.
Тие предупредија дека на просторот каде што се изведуваат работите постојат девет извори од кои, според нив, околу 30 проценти од питката вода се слева кон Прилеп – град кој веќе се соочува со сериозни проблеми со водоснабдувањето.
Според нив, овие извори се клучни за опстанокот на градот, кој дел од водата веќе ја добива од селото Горни Добреноец, оддалечено повеќе од 80 километри.
Протестот доби дополнителна тежина со обвинувањата дека при работите биле користени значително поголеми количини експлозив од дозволеното. Граѓаните тврдат дека биле детонирани до пет тони експлозив, иако дозволената количина изнесувала 150 килограми.
Тие истакнаа дека ваквите активности веќе предизвикале штети, тврдејќи дека се оштетени повеќе од 70 куќи во селото, како и локалната црква.
Во текот на протестот, како што велат, полициски службеник им побарал да не снимаат и да ги исклучат телефоните, со образложение дека сака „да разговараат“. Истовремено, им било кажано дека не смеат да протестираат на локален пат, иако граѓаните тврдат дека протестот бил уредно најавен.
Покрај еколошките и безбедносните прашања, протестот отвори и дилеми за односот на институциите кон граѓанските иницијативи.
Жителите на Прилеп и селото Оревоец велат дека се против изведувањето на ископи и минирања во непосредна близина на населените места, предупредувајќи дека се загрозуваат водата, природата и имотите.
Тие бараат институциите да ги преиспитаат активностите и да најдат алтернативно решение.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Спас за Прилеп: Бехтел и Енка е…
Граѓаните на протестот порачаа дека „Бехтел и…
Волстрит паѓа, нафтата поскапува !
Американските акции паднаа во понеделник, оптоварени од…
Вучиќ му одговори на Милановиќ: „Не сум…
Српскиот претседател Александар Вучиќ се огласи во…
ОЈО со предлог притвор за синот кој…
Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за…
Иран: Секој агресор што ќе посегне по…
Првиот потпретседател на Иран, Мохамед Реза Ареф,…