Објавено на:

Спречив трета светска војна – вели Трамп

t

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на јавноста од Овалната соба, одговарајќи на прашања на новинарите за теми од надворешната политика.

Во своето излагање, тој зборуваше главно за Иран, тврдејќи дека спречил нуклеарна војна, а се осврна и на односите со сојузниците од НАТО, како и со Кина и Јапонија.

„Да не дејствувавме против Иран, ќе имаше нуклеарна војна. Ќе имаше трета светска војна. Ако верувате дека Иран не треба да има нуклеарно оружје, тогаш сигурно ви се допаѓа она што го направив“, рече тој.

Посочи дека не сака да влегува во воени конфликти, но потоа веднаш додаде дека ако Иран имал нуклеарно оружје, ќе го користел.

На прашање дали војната може да заврши неделава, тој кратко одговори:

„Наскоро ќе заврши“.

Трамп, исто така, изрази незадоволство од однесувањето на некои американски сојузници.

„Некои земји ме разочараа. Кина и Јапонија не треба да ни се заблагодаруваат, тие треба да ни помогнат“, кажа американскиот претседател.

Потоа се осврна на НАТО.

„Проблемот со НАТО е што ние секогаш ќе бидеме со нив, но тие нема да бидат со нас. Откако го уништивме Иран, Обединетото Кралство рече дека ќе испрати два носачи на авиони, а јас им реков дека не ни требаат откако веќе победивме. Ние ги браниме сите тие земји. И долго време велам дека потрошивме трилиони долари за да ги одбраниме, а тие не се тука за нас“, вели Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречив трета светска војна – вели Трамп

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на…

Моџтаба Хамнеи испрати нова порака до иранските…

Новиот врховен водач на Иран Моџтаба Хамнеи…

Лавров верува дека ЕУ очекува Србија да…

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров…

Трамп проговори за Иран: „Само еден збор…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…

Техеран: Копнена војна во Иран би била…

Потенцијалната американска копнена интервенција во Иран би…