СПЦ ѝ даде Јерархија на ПОА за да се приклучи кон МПЦ-ОА

t

Во соопштението за јавност на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, кој се одржа од 14 до 20 Мај 2023 година во храмот Св. Сава, во Белград, помеѓу останатото, истакнато е и следново:

На годинешново заседание на Светиот Архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на Архијереите на Православната Охридска Архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот Архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската Православна Црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската Православна Црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури,се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Конор Мек Грегор: Хабиб Нурмагомедов е терорист…

Конор Мек Грегор ги нападна Хабиб Нурмагомедов…

(Видео) Мајкл Даглас го моли Бајден да…

Мајкл Даглас им се придружи на се…

Разрешената директорка Бесија Иљази доби кривична

На 12.07.2024 Одделот за сузбивање на организиран…

Кривична пријава за поранешната в.д. организациска директорка…

Кривична пријава е поднесена против поранешната организациска…

Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека премиерот…