Објавено на:

СП 2026: Репрезентативец на Иран нема повеќе валидна дозвола за влез во САД

t

Репрезентативецот на Иран Мехди Тораби нема да може повеќе да настапува за својата репрезентација на натпревари кои ќе се играат во САД. Тораби нема повеќе валидна виза за влез и престој во САД односно неговата виза била само за еден влез.

За Иран во групата остануваат да одиграат уште два натпревара против Белгија во Лос Анџелес (21.јуни) и против Египет во Сиетл (27.јуни), откако ноќеска во првиот дуел одигра нерешено 2:2 со Нов Зеланд.

Репрезентативците на Иран се жалат на постапките на американските власти, кои буквално ги натерале веднаш да ја напуштат државата и да се вратат во својот камп во Тихуана, Мексико. Фудбалската федерација на Иран во последен момент со дозвола на ФИФА направи промена на локацијата на кампот и наместо во Аризона одбраа да бидат во Мексико.

Фудбалската федерација на Иран поднела веќе барање за нова виза за Тораби, а ќе се обидат и со посредство на ФИФА играчот да добие нова виза, иако е тешко за очекување.

31-годишниот Тораби против Нов Зеланд го одигра својот 51.натпревар за репрезентацијата и има постигнато седум голови

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СП 2026: Репрезентативец на Иран нема повеќе…

Репрезентативецот на Иран Мехди Тораби нема да…

Криминал од 3,5 МИЛИОНИ ЕВРА во Државна…

Штета од минимум 3,5 милиони евра констатира…

АД ЕСМ и Светска банка потпишаа договор…

Во присуство на претседателот на Владата, г.…

Македонија бара инвестиции, а една од најголемите…

Нови инвестиции се неопходни за раст на…

Вработен во прилепската болница скенирал картичка на…

Вработен во прилепската болница додека работел како…