Спpeчен обид за kpиумчарење на поголема количина лeкови од Македонија во Косово
Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево при Регионалниот Центар Север завчера во 19:50 часот спречиле обид за криумчарење на поголема количина разновидни лекови од Република Македонија кон Косово, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.
– Во атарот на село Јажинце, тетовско, било забележано лице кое носело два поголеми пакета и не застанало на наредба на полициските службеници. При преглед на теренот биле пронајдени пакетите кои содржеле разновидни лекови, од кои 17.410 таблети, 970 ампули и 120 капсули.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, посочуваат од МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Царинската управа спречи шверц на злато, лекови,…
Во текот на минатата недела, царинските службеници…
Уапсен е 28-годишник од Косово, се обидел…
МВР информира дека синоќа во 21.10 часот…
По 100 евра за косовските пензионери и…
Косовската влада додели по 100 евра како…
ФБИ ќе го истражува терористичкиот напад на…
Американскиот амбасадор во Косово Џефри Ховениер изјави…
Турска компанија ќе гради фабрика за дронови…
Властите во Приштина веќе избрале кој ќе…