Срамота! Украдена голема количина тутун во Крушево, сопственикот моли за помош

t

Земјоделец од Крушево објави видеа на кои се гледа како непозати лица му крадат голема количина на тутун кој тој го спремал за продавање.

Човекот вели дека преку ноќ го снемало она што тој со неговото семјество со мака и пот го работеле цела година.

„Минатата година беше најтешката за мене и мојата фамилија – товар што никој друг не може да го почувствува под мојата кожа. Оваа година вложивме сè: мака, здравје, пари и трпение, со надеж дека трудот и надчовечката жртва ќе го покрие ланскиот непребол.

Ова што го гледате на ВИДЕАТА е кражба на голема количина на тутун. Ова е кражба на месеци натчовечки труд, надеж и иднина. Решив да ги објавувам видеата не од омраза, туку за да се разбуди свеста и емпатијата и да се охрабри полицијата што побрзо да ги пронајде сторителите“ пишува земјоделецот.

Тој упати апел доколку некој некој ги препознае лицата, да пријави во полиција.

„Земјоделецот не бара милостина – бара правда и почит за својот труд“ додаде тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Срамота! Украдена голема количина тутун во Крушево,…

Земјоделец од Крушево објави видеа на кои…

(Видео) Сточарите се заканија со протести како…

Денеска пред Владата на Република Македонија, Сојуз…

Две лица од Крушево обвинети за поткуп…

ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Т.Х.(33)…

Лукаревска: Не се знае колку ќе трае…

Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките…

Најстудено во Крушево, најмногу дожд во Охрид

Утрово најниска температура од 2 степени Целзиусови…