Објавено на:

Србија најави најголема изложба на оружје и воена опрема досега!

t

Минисерството за одбрана на Србија ќе организира досега најголема изложба на оружје и воена опрема на аеродромот во Батајница на 22 април, во чест на Денот на српските вооружени сили, на кој ќе има речиси сè од арсеналот на српските вооружени сили.

Според „Вечерње новости“, од тоа министерство најавуваат дека тоа ќе биде единствен настан, не само по бројот на учесници и количината на воена опрема, туку и по обемот на прикажаните средства кои се во вооружувањето на вооружените сили, „најголемиот настан од ваков вид досега организиран“.

Весникот наведува дека ќе бидат прикажани стотици тенкови, различно оружје и борбени возила, противвоздушни системи, авиони, хеликоптери и дронови.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Србија најави најголема изложба на оружје и…

Минисерството за одбрана на Србија ќе организира…

Да не се повтори: На денешен ден…

На денешен ден пред 24 години почнаа…

Охридскиот договор падна на првиот тест: Српската…

Српска листа соопшти дека одлуката да не…

Голем удар за Србија: Блинкен вели пет…

Американскиот државен секретар Антони Блинкен очекува дека…

Курти ги покани Србите во Косово да…

Косовскиот премиер Албин Курти ги повика Србите…