Србија прогласи вонредна состојба поради снегот – Илјадници домаќинства останаа без електрична енергија
Србија и понатаму се соочува со последиците од обилните снежни врнежи, поради што вонредна состојба е прогласена во 11 општини: Ваљево, Лозница, Осечина, Крупањ, Мали Зворник, Владимирци, Сјеница, Мајданпек, дел од Пријепоље, Лучани и Ивањица. Над 6.000 домаќинства сè уште се без електрична енергија, а екипите на терен продолжуваат со работата на стабилизирање на снабдувањето, пренесе Нова.рс.
Милорад Спаспојевиќ од Одделот за вонредни ситуации изјави за РТС дека најголемиот проблем и понатаму се прекините во електроснабдувањето.
„Околу 6.450 потрошувачи се без струја, а најтешка е состојбата во Златиборскиот, Колубарскиот, Моравичкиот и Мачванскиот округ“, рече Спаспојевиќ.
Поради временските услови, прекинат е и железничкиот сообраќај – не сообраќа возот од Белград до Лазаревац, како и линијата Младеновац–Белград.
Градот Лозница најави формирање комисија за проценка на штетите од снежното невреме. Граѓаните кои претрпеле материјална штета можат да ја пријават од денес, а ќе биде отворена и посебна сметка за донации со цел помош на ранливите категории.
Во Ваљево, според градоначалникот Лазар Гојковиќ, сите далноводи се повторно во функција, иако можни се поединечни дефекти на нисконапонската мрежа. Во Крупањ, каде вонредната состојба трае веќе шести ден, сите трафостаници работат, а се очекува дел од домаќинствата денес повторно да добијат струја.
Во Пријепоље нема опасност од поплави, бидејќи нивото на реката Лим е под границата за редовна одбрана, додека во Сјеница електроснабдувањето е постабилно, иако патиштата до 15 села сè уште се покриени со снег.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот –…
Србија и понатаму се соочува со последиците…
ЦУК: Поплави во Пелагонија и Југозападот, одрони…
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…
(Видео) Рекордни врнежи од снег во Москва
Рускиот главен град Москва во петокот доживеа…
(Видео) Успешно спасени двајца вработени во А1…
Успешно спасување на двајца вработени на А1…
31 сантиметар снег на Попова Шапка
Најстудено утрово беше на Попова Шапка каде…