Средба на министерката за надворешни на Германија со шефовите на дипломатиите од Западен Балкан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на покана на сојузната министерка на Германија, Аналена Баербок, на маргините на Минхенската безбедносна конференција присуствуваше на настан посветен на земјите од Западен Балкан.
Како што информира МНР, соговорниците констатирале дека Западниот Балкан има важна улога за севкупната стабилност и напредок на Европа, а интеграцијата на регионот во Европската Унија претставува взаемен геостратешки интерес од политички, безбедносен и економски аспект.
Османи во своето излагање се осврнал на новосоздадената политичка клима меѓу владите на Македонија и Бугарија, што, како што рекол, укажува на сериозниот пристап и нивото на посветеност кај двете земји за постигнување напредок во билатералната соработка. Исто така, зборувал и за актуелните предизвици во процесите на пристапување кон ЕУ, за регионалните и за глобалните безбедносни предизвици.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица во Брисел: Претставници на партијата на…
Претставници на "Левица" остварија средба со европратеници…
Османи: Ние не одбројуваме денови, туку ЕУ
Доколку се има политичка волја, има доволна…
Османи утре во официјална посета на Република…
Министерот за надворешни работи на Република С.…
Османи во Украина: Тоа што го видов…
Во однос на работната посета во Украина,…
Зеленски: Хрватска знае што значи да се…
Премиерот на Хрватска, Андреј Пленковиќ пристигна во…