Средба на Пендаровски со словенечкиот претседател Борут Пахор: Еве за што разговарале

t

Во рамки на учеството на 58та Минхенска безбедносна конференција, претседателот Стево Пендаровски оствари средба со претседателот на Република Словенија, Борут Пахор, на која беа реафирмирани одличните билатерални односи, без отворени прашања, базирани на традиционално пријателство, силно стратешко партнерство и долгогодишна конструктивна соработка и поддршка.

Претседателите се осврнаа на можностите за надминување на предизвиците за почеток на пристапните преговори со ЕУ, истакнувајќи го фактот дека успешноста на политиката на проширување ќе зависи од македонскиот случај. Претседателот Пендаровски се заблагодари на принципиелната и континуирана поддршка за европската иднина на Македонија, особено гласна за време на неодамнешното словенечко претседавање со Советот на Унијата.

Претседателот Пендаровски информираше за последните случувања во тој контекст и динамиката што е предвидена меѓу двете нови влади, потенцирајќи дека Македонија посветено ќе работи на изнаоѓање европско, достоинствено решение во билатералните предизвици со Бугарија. Според претседателот Пендаровски, отворањето на пристапните преговори за членство на Република Македонија со Европската Унија позитивно ќе придонесе за просперитетот и стабилноста на целиот регион, а ќе даде дополнителен импулс на севкупниот реформски процес во државата.

На средбата се разговараше и за безбедносните состојби во регионот и во евро-атлантскиот простор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фицо: Влегуваме во ужасни времиња

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека Русија…

Словачка ќе бара продолжување на исклучоците од…

Словачка планира да разговара со Европската Унија…

Фицо продолжува по старо… Немало да дозволи…

Во неделата, словачкиот премиер Роберто Фицо вети…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…

Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…