„Среќна нова 49-та“: Државата ќе казнува ако ја критикуваш

t

Проевропската влада, како што сака да се нарекува владата на ДУИ и на СДСМ има намера да запре секаква критичка мисла против неа.

Во стилот на тоталитрните режими и филмот „Среќна нова 49-та“ владата преку Министерството за правда се обиде да протурка Закон за граѓанска одговорност со кој ќе се казнува за секакво негативно мислење против неа.

Ова значи дека никој нема да смее ни да помисли нешто против власта, а камоли јавно да изусти.

За навреда и клевета да се одговара и за објавување на негативно мислење-стои во предлогот.

Скандалозен е и членот 6 каде што ќе се одговара ако навредиш лице со друг идентитет.

,,За навреда одговара тој што за друго лице со утврден или очевиден идентитет, со намера да наштети на неговата
чест и углед, со изјава, содржина, однесување, објавување или на друг начин ќе изрази омаловажувачко,понижувачко или негативно мислење“, стои во спорниот став од членот 6 во Законот”.

По силните критики Министерството за правда се обиде да се извади дека било грешка.

Ова во превод значи дека граѓаните ќе бидат санкционирани и за негативно мислење, на пример за работата не премиерот, претседател на држава, министер, функционер, градоначалник…

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тajланд се приклучи на БРИКС

Тајланд ја прифати поканата да стане земја…

Косовец фатен како краде од куќа во…

На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје,…

(Видео) Машината била погодена од остатоци од…

Казахстанското Министерство за вонредни состојби подоцна извести…

Уапсен скопјанец, агресивно се однесувал кон полицајци

Уапсен скопјанец поради агресивно однесување кон полицајци.…

Историска голема исплата за субвенции за земјоделците

Историски најголема исплата на субвенции Претседателот на…