Српскиот премиер во Охрид на средба со Мицкоски
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил тет-а-тет средба со премиерот на Србија, Ѓуро Мацут.
– Во отворен и конструктивен разговор разменивме мислења за актуелните регионални предизвици, можностите за продлабочување на билатералната соработка, економските односи, инфраструктурното поврзување и заедничките иницијативи што ќе придонесат за поголем развој и просперитет на двете држави, напиша Мицкоски на Фејсбук.
На средбата, како што пишува Мицкоски, е потврдена заедничката определба за натамошно унапредување на пријателските односи, засновани на меѓусебна почит, добрососедска соработка и заеднички интерес за стабилен и просперитетен регион.
На аеродромот во Охрид, српскиот премиер го пречека министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Српскиот премиер во Охрид на средба со…
Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Охрид остварил…
Иран: Сообраќајот низ Ормутскиот теснец не е…
Иранската Управа за управување со пловните патишта…
Трамп по мигрантската криза во Шпанија: Американците…
Претседателот на САД, Доналд Трамп, реагирајќи на…
ФИФА не попушта пред бојкотот на УЕФА:…
Светскиот фудбал е пред еден од најголемите…
Гори во Делчево, Валандово и Струга
На ден 31.07.2026 година, до 18:00 часот,…