Српски државјанин се обидел да шверцува над 5.000 штеки цигари на граничниот премин „Стар Дојран“

t

На граничниот премин „Стар Дојран“, вчера попладне е уапсен 56-годишниот М.Г. од Србија кој се обидел да шверцува 5.050 штеки цигари, од кои 800 штеки биле класични цигари, а 4.250 електронски цигари.

– Тој управувал товарно возило „ман“ со полуприколка „шмитц“ со српски национални ознаки. При извршената гранична контрола било утврдено дека WIN бројот на полуприколката во сообраќајната дозвола е фалсификуван. При деталниот преглед на полуприколката, со помош на специјален уред – ендоскоп, бил пронајден скриен бункер во кој биле откриени вкупно 5.050 штеки акцизна стока, од кои 800 штеки класични цигари и 4.250 штеки електронски цигари – соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

По целосно документирање на случајот, МВР најави дека против М.Г. ќе бидат поднесени кривични пријави за кривичните дела „фалсификување исправа“ по член 378 и „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силување во Дојран, предложен притвор за осомничениот

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за…

Два Ер трактори го гасат пожарот во…

Од вкупно пријавени девет пожари на отворен…

Повторно Грција ќе помага да се изгаси…

Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов информира дека…

(Видео) Градоначалникот на Дојран бара помош: СОСТОЈБАТА…

АПЕЛ ЗА ПОМОШ ДО СИТЕ НАДЛЕЖНИ!!! Потребна…

(Видео) Голем пожар и во Дојран: „Авион…

На социјалните мрежи се споделуваат снимки од…