Српски репрезентативец убиен во Белград: Двајца фудбалери осомничени за убиството

t

Српскиот ММА борец и репрезентативец на својата земја, Стефан Савиќ (23) беше убиен викендов во брутален инцидент во центарот на Белград.

Српската полиција идентификувала двајца осомничени за убиството. Се трага по Василиј Гачевиќ (23) и Марко Даничиќ (23), а полицијата ги повикува сите граѓани кои имаат корисни информации да се јават.

Двајцата осомничени се фудбалери. Српските медиуми пренесуваат дека, според информациите од интернет, Даничиќ настапува за српскиот клуб Вајт Иглс од Торонто, Канада. Гачевиќ пак настапува во Србија, во првиот состав на фудбалскиот клуб Црвена звезда Мали Мокри Луг.

Порталот Нова.рс неофицијално дознава дека мотивот за убиството била одмазда за настан од пред две години. Тогаш Гачевиќ и Даничиќ наводно се судриле со Савиќ кај Ада Циганлија, при што настанала тепачка во која Савиќ му ја скршил вилицата на еден од осомничените.

Савиќ беше убиен во ноќта меѓу саботата и неделата на улицата Дунавска, Дорчол, во центарот на Белград.

– За да избегне конфликт, Савиќ почнал да трча по улицата Дунавска. Во еден момент напаѓачите го стигнале, го собориле на тротоарот и почнале да го удираат. Потоа, еден од напаѓачите извадил нож и го прободел младиот човек – вели соговорникот на Телеграф.

Случаен минувач Стефан М.(22), се обидeл да го спречи нападот, но напаѓачите и нему му нанеле неколку убодни рани. Пријател го ставил избодениот млад човек Стефан М. во возило и на пат кон болница ја известил полицијата дека на улицата Дунавска се случило кривично дело.

– На инспекторите им кажале дека оделе по улицата кога виделе двајца како го удираат трето лице, а потоа и го избодуваат со нож. Додека се обидувале да го заштитат, напаѓачот со нож го избодел еден од нив во градите. Тие објасниле дека Стефан истрчал од автомобилот да му помогне на младиот човек кој не го ни познавал – додава соговорникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…

Уапсен маж кој ѝ се заканувал на…

Маж од американската сојузна држава Вирџинија е…

(Видео) Ангелов: Нема населени места загрозени од…

Нема потреба од паника и од вознемиреност…