ССМ ги повика работниците на протест за повисоки плати на 1 Мај

t

ССМ ги повика работниците на протест за повисоки плати на 1 Мај. Во продолжение нивното соопштение.

Почитувани работнички и работници,

Работничката борба не е само еден протест, еден штрајк, една блокада, тоа е континуирана борба на работниците и синдикатите за зачувување и унапредување на работничките права.

1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот е денот кога протестите и демонстрациите се должност кон работничката борба во минатото и обврска кон работничката борба во иднина.

Сојузот на синдикатите на Македонија од 2018 година, секоја година организира масовен работнички протест на 1ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

8-ма година по ред на 1 Мај со почеток во 11 часот од пред Работничкиот дом во Скопје започнува ПРОТЕСТ, оваа година под мотото ,,ЗА ПЛАТА СЕ БОРИМЕ, НЕ СЕ МОЛИМЕ”

Повикуваме на солидарност и од работниците за кои синдикатите веќе се изборија за покачување на нивните работнички плати.

Работничката солидарност не смее да има граници, денес се бориме за оние со најниски плати, утре за сите нас.

Затоа, на 1 Мај да бидеме солидарни, гласни, обединети и одлучни!

Повикуваме на протест, повикуваме да застанме рамо до рамо со своите колешки и колеги и покажеме дека работничкиот глас не може да се игнорира.

Работниците во Македонија заслужуваат повисоки плати!

Македонија за повисоки плати !

За плата се бориме – не се молиме!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ССМ ги повика работниците на протест за…

ССМ ги повика работниците на протест за…

СОНК демантира: Нема да се вклучиме на…

По денешната објава, превземена од социјалните мрежи,…

ССМ повикува на масовен протест на 1…

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) упати…

Трендафилов објави колку работници земаат просечна плата…

*Објава на Фејсбук на Слободан Трендафилов, претседател…

Трендафилов: Една минимална плата не е доволна…

Една минимална плата не е доволна ни…