ССМ со бројки: Над 350 илјади работници земаат под просечна плата
„Следниот пат кога политичар ќе се фали со растот на просечната плата, се фали со фактот што 1/3 од работниците имаат плата под 30.000 денари, а 2/3 од работниците имаат плата под просечната плата“, порача претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, Слободан Трендафилов.
Во објава на социјалните мрежи, Трендафилов ја проблематизираше статистиката за просечната плата, посочувајќи дека таа не ја отсликува реалната состојба на мнозинството работници.
Според податоците што ги објави, најголем дел од вработените во земјава примаат плати под или околу просекот:
154.408 работници имаат плата под 30.000 денари
204.573 работници имаат плата од 30.001 денари до нивото на просечната плата
144.050 работници имаат плата над просечната
Вкупно, според овие бројки, 503.031 работници се приматели на плата по МПИН.
Трендафилов потенцира дека ваквата распределба значи дека мнозинството граѓани не го чувствуваат растот на просечната плата што често се користи како економски показател.
Податоците, како што е наведено, се базираат на информации од Управата за јавни приходи за бројот на вработени и исплатени нето плати по прагови за декември 2025 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ССМ со бројки: Над 350 илјади работници…
„Следниот пат кога политичар ќе се фали…
Тошковски: „Животот нема рестарт – оружјето не…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска…
Иран: Без преговори, ќе се бориме до…
Откако ги отфрли тврдењата на американскиот претседател…
Хоџа најави посилна поддршка за заштитата на…
Министерот Хоџа денеска се сретна со раководството…
Скопје ќе добие БРТ за 70 милиони…
Владата преку Министерството за транспорт и Министерството…