Стевановиќ: Побогатите земји ги бираат пациентите и не ги примаат оние со мали шанси за преживување

t

Директорката на Инфективната клиника, д-р Милена Стевановиќ во емисијата „Топ тема“ изјави дека здравствените системи во побогатите земји работеле со оние пациенти кои имале најголеми шанси за да им помогнат и да ги излекуваат.

Велите Грција ги вратила маските. Од што се плашат? Од што се плашиме сите ние? Само од една работа – пребукирање на здравствениот систем. Независно колку е добар или богат, нема држава која може да се пофали дека има богат здравствен систем. Најбогатите здравствени системи ги ограничуваа условите за примање на пациенти, вели таа.

Според неа, здравствените системи во побогатите земји работеле со оние пациенти кои имале најголеми шанси за да им помогнат и да ги излекуваат.

-Оние со мали шанси за преживување воопшто не ги примаа во болница. Во однос на вакцините, таа е корисна и се однесува на минимализирање на бројката на луѓе кои се заразат со тешка клиничка слика. Ние сме генерација која е вакцинирана со вакцини кои ни од далеку не биле вака испитани и софистицирани како денешните. Сепак и со нив искоренивме многу болести, потенцира Стевановиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За една недела починале 4 лица: Регистрирани…

Во периодот од 9 до 15 септември…

За десетина дена ќе стигне донација од…

Вакцини за заштита од Ковид-19 ќе стигнат…

Две лица починале: Регистрирани се нови 213…

Од 19 до 25 август, тестирани се…

Зголемување над 60 проценти на болни од…

Од 12 до 18 август во државава…

Десеткратно зголемување на бројот на заразени од…

 Во текот на месец јули, пријавени се…