Стејт департментот крати трошоци: Се затвораат амбасади и конзулати во пет држави
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот за плановите за затворање на пет помали американски амбасади, конзулати и дипломатски мисии во Африка, Азија и Западната полутопка. Овој чекор е дел од пошироките заложби на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за редуцирање на федералната бирократија и намалување на трошоците.
Според документите испратени до законодавците, планирано е затворање на амбасадата во Сент Џорџис (Гренада), конзулатите во Нагоја (Јапонија) и Медан (Индонезија), филијалата во Дуала (Камерун), како и мисијата во Винипег (Канада).
Од администрацијата посочуваат дека овие помали дипломатски претставништва не се доволно економични и со нивното затворање се очекува заштеда од околу 4,4 милиони долари годишно. Од друга страна, овој потег предизвика реакции и критики од опозиционите демократи и поранешни експерти за надворешна политика, кои предупредуваат дека намалувањето на дипломатското присуство може да создаде простор за зголемување на влијанието на ривалите како Кина во овие региони.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стејт департментот крати трошоци: Се затвораат амбасади…
Американскиот Стејт департмент го извести Конгресот за…
Скопјанец ја следел бившата сопруга, ѝ праќал…
Жена од Скопје пријавила во полиција дека…
На аеродромот во Дизелдорф откриени околу девет…
На аеродромот во Дизелдорф германските власти откриле…
До 18 часот денеска горело на 18…
На ден 06.08.2026 година, до 18:00 часот,…
Ахмети се сретна со в.д. амбасадорката на…
Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али…