Стоилковски: Ковачевски не може да донесе напредок, во сите негови настапи ги бранеше политиките на Заев кои не доведоа до овој колапс

t

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на денешната трибина на тема „Високи цени, ниски плати“ и што може да се очекува во 2022 година, говорејќи за поскапувањето на цената на струјата и укинувањето на евтината тарифа рече дека со таквиот потег на како што вели тој, „владионозависната“ Регулаторна комисија за енергетика, се укинува оној столб на владеењето на заевизмот во Македонија, бидејќи двата популистички столба на владата на Заев беа воведување на евтината тарифа и укинување радиодифузната такса.

Стоилковски зборуваше и за тоа што може да се очекува во периодот што претстои посочи дека нема што многу да се очекува или да се промени на подобро бидејќи мандатарот кој ќе го замени Заев во сите негови настапи ги фалеше политиките на Зоран Заев кои што доведоа до овој колапс на економијата каков што се најавува.

„Македонија има сега мандатар, којшто ги фалеше политиките во сите оние настапи досега и сите оние чекори на Зоран Заев и неговиот тим во Владата што би донело до заклучок дека нема да има големи промени во таа насока што всушност го доведува во прашање зошто тогаш, чуму има нов владин кабинет. Но, Ковачевски како нов мандатар доаѓа на оваа позиција од позицијата заменик министер за финансии и е еден од оние коишто директно го гледаше оној пад на економијата на Македонија и целиот овој систем којшто сега доведува до ваков колапс како што се најавува во економијата“, рече Стоилковски.

Тој исто така зборуваше и за неспособноста на СДСМ и нејзините кадри за спроведување на гасификацијата на Македонија која е една од главните стратегии на ВМРО ДПМНЕ, а беше изоставена во последните 4-5 години владеење на СДСМ.

„Во однос на капиталните инвестиции би се насочил за крај кон иднината како една од стратегиите на ВМРО-ДПМНЕ е гасификација на Македонија, нешто што се остави овие 4-5 години, би дал само еден пример. Случајно го разгледував новиот тим на Ковачевски во СДСМ и таму влезе и директорката на кумановската болница д-р Захариева која што е подолг временски период директор таму и ми падна во очи бидејќи ја имам запаметено кумановската болница како еден од најголемите загадувачи на Куманово, бидејќи со години се грее на мазут. Некаде на крајот на 2018 година имаше едно истражување и добра анализа направена за еден портал каде што беше посочено и со изјава од истата госпоѓа директорка дека со години праќа дописи до Владата за помош за 200 илјади евра за гасификација на кумановската болница којашто треба да прејде на греење на гас бидејќи толку чинело само да се поврзе бидејќи внатре сѐ направиле сами. Деновиве се јавив и прашав до каде е кај пријатели и колеги од Куманово коишто ми посочија замислете дека дури годинава оваа зима се наоѓа во експериментална фаза приклучувањето на гас односно греењето на гас во кумановската болница. Па ако од 2018 до 2022 траел еден зафат за приклучување на болницата за 200 илјади евра, зафат што во рамки на гасификација е минорна сума, што останува со сѐ останато, потенцираше Стоилковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Член на комисијата потврди: Бугарските историчари инсистираат…

Не работиме на утврдување на статусот на…

(Во живо) Отварање на бугарскиот културно-информативен центар…

Следете го во живо отварањето на новиот…

Добро утро со Инфомакс: Денешните историски докажувања…

Ѓорче Петров е македонски професор, публицист, историчар,…

Зајкова: Државава нема друга алтернатива освен ЕУ

Немаме веќе ниту време, ниту генерации за…

Добро утро со Инфомакс: Ќе ја оставиме…

На тројца комити, еден кодош, или во…