Столтенберг: НАТО ги активира одбрaнбените планови за сојузниците

t

НАТО ќе започне со одбранбени планови за зајакнување на безбедноста во Источна Европа, според генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, по рускиот воен напад врз Украина во четвртокот наутро.

„Она што јасно го кажавме е дека веќе го зголемивме и го зголемуваме присуството на трупите на НАТО во источниот дел на алијансата на територијата на НАТО“, рече Столтенбург.

Тој, исто така, потврди дека, и покрај плановите за зајакнување на присуството на НАТО во регионот, нема трупи на Алијансата во Украина.

„Нема борбени трупи на НАТО, воопшто нема трупи на НАТО во Украина. Јасно ставивме до знаење дека немаме никакви планови и намера за распоредување на војници на НАТО во Украина“, рече шефот на алијансата.

Путин ќе одлучи кога ќе заврши офанзивата во Украина – Кремљ

Тој не ги елаборираше одбранбените планови освен што рече дека тие го опфаќаат целиот исток од нашиот сојуз кои „на нашите воени команданти им даваат повеќе авторитет во рамките на политички дефинираните насоки“.

Столтенберг истакна дека распоредувањето ќе вклучи дел од 40.000 војници за брза реакција на НАТО, вклучително и високо подготвена единица од 7.000 персонал, повеќето Французи, и воздушно крило под француска команда.

Утрово Русија започна сериозен воен напад против Украина. Потегот уследи неколку дена откако Москва официјално ја призна независноста на отцепените републики Доњецк и Луганск во Донбас, тврдејќи дека Киев не ги исполнил своите обврски од договорите од Минск склучени во 2014 и 2015 година за решавање на конфликтот меѓу сепаратистите и украинската влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Медведев повторно се заканува: Директен конфликт меѓу…

Директен конфликт меѓу Русија и САД, доколку…

Бајден побара продолжување на испораката на оружје…

Американскиот претседател во заминување, Џо Бајден соопшти…

Лавров: Русија не се задоволува со примирје…

Русија нема да прифати само воспоставување примирје…

Украина најде одговор за рускиот Орешник?

Британскиот весник „Економист“ на 23 декември 2024…

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…