Објавено на:

Столтенберг предложи пакет помош за Украина во вредност од 100 милијарди евра

t

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, предложи петгодишен пакет воена помош за Украина во вредност од 100 милијарди евра, со кој Северноатлантската алијанса ќе му даде подиректна поддршка на Киев, потврдија денеска пет неименувани дипломати.

Тие наведуваат дека, согласно тој план, НАТО ќе преземе некои координативни обврски од т.н Групацијата Рамштајн, предводена од САД, со цел да го заштити НАТО од какво било намалување на американската поддршка доколку Доналд Трамп се врати во Белата куќа, пренесува Ројтерс.

Овој предлог се очекува да биде разгледан за два дена на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО со цел да се создадат услови овој пакет помош да биде усвоен за време на самитот на Северноатлантската алијанса во јули во Вашингтон.

Досега НАТО како организација се ограничи на испраќање несмртоносна помош за Украина поради страв дека подиректна улога може да предизвика ескалација на тензиите со Русија.

Повеќето земји од НАТО и обезбедуваат оружје на Украина на билатерална основа, но неименувани дипломати велат дека постои сè поголем договор во западната воена алијанса дека е дојдено време да се зголеми воената помош за Украина на долгорочна основа, а НАТО е најдобро поставен да преземе над поголемиот дел од таа улога, пренесува Танјуг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украина ја засилува својата ракетна програма, Зеленски…

Украина издвојува дополнителни средства за својата ракетна…

Марија Габриел ќе биде втор човек во…

Поранешната еврокомесарка и министерка за надворешни работи…

ЕУ исплаќа 4,2 милијарди евра финансиска помош…

Земјите од Европската унија денеска ја одобрија…

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…