Стојанче ги натепал па ги оставил Ивана и Катја среде автопат во 1 часот по полноќ, кажа мајката на Ивана
Мајката на Ивана, Љубица Стојановска денеска во судница сведочеше дека Стојанче Јовановски среде автопат во 1 часот по полноќ ги оставил својата ќерка и својата сопруга и си заминал за Скопје, зашто се изнервирал кога се враќале сите заедно од свадба во Штип што Ивана не се приклучила на точната клучка и го згрешила патот, по што Ивана ја донела одлуката да се разведе од него.
Откако Стојанче ги оставил на автопат, помогнал Мартин Саздов, другарот на Стојанче кој отишол да ги земе Ивана и Катја оставени на автопатот.
„На враќањето дома, згрешила Ивана каде да се исклучи на патот, па се скарале. Стојанче ги избркал од кола Катја и Ивана на автопат, ја удирал ја клоцал Ивана. Катја рече – „и мене бабо ме удри“. Откако ги удирал, си заминал, ги оставил на автопатот во 1 часот ноќта. Ивана се јави на свекрвата дека е оставена на автопат, да дојде да ја земе. Мајката на Стојанче рекла дека ја боли стомак и не може да ја земе. Се јавила Ивана кај свекорот и тој кажал „не можам да дојдам“. Се јавила на Мартин Саздов и тој отишол, да ги земе од автопат и ги однел кај него дома. Фала му. Ивана после нас ни рече – „тато, мамо не можам веќе да издржам“. По што ние двајцата ѝ кажавме да остане кај нас, дека тоа е нејзина куќа“, кажа Љубица Стојановска.
Беше прашана во каков однос била Ивана со Мартин Саздов, а таа кажа дека Мартин имал комуникација со Стојанче.
„Катја беше многу искрено дете. Таа покрај сите проблеми што ги гледаше со мајка ѝ и татко ѝ имаше љубов во срцето кон татко ѝ. Никогаш не рекла лош збор за татко ѝ. Тогаш само кажа „тато ја удираше со клоци мама долу легната на автопат и не избрка од автомобилот“. Сепак покрај тие работи, Мартин и Стојанче имале комуникација. Дури Стојанче за овој случај на Мартин Саздов му кажал „двете курви ги натепав“. А тука мислел на ќерка ми и внука ми. Еднаш не ја однесов Катја во школо, купивме чизми за снег, беше толку среќна, пресреќна. Правевме снешковци. Таа рече „овој Снешко е за тато, овој е за мама“. И еден Снешко го направи со крст, рече дека е за дедо Боже“, рече мајката на Ивана.
Таа посочи дека минатото лето, Катјан била во станот со неа кога Ивана заминала во другиот стан да земе облека, а таму ја пречекал Стојанче кој не заминал на работа и ја чекал.
„Според тоа што ми го кажа Ивана, сакал да ѝ ги земе телефоните да види дали со некого контактира. Имаше модринки и вратот ѝ беше модар, ја давел. Некако успеала да излезе од станот. Потоа ми се јави мајката на Мартин Саздов другарот на Стојанче. Таа ми кажа дека Ивана била нападната од Стојанче и некако успеала да излезе од станот каде што живеат. Ме советуваше да пријавам во полиција, зашто не знаат каде е Ивана. Јас лично пријавив во полициска станица Карпош и кажав дека ќерка ми е нападната од сопругот и дека не знам каде се наоѓа. Јас им ја кажав адресата, зашто мислев дека е во околината и го дадов телефонскиот број на ќерка ми. Полицијата ми кажа да дојдам во станица. Таму дојдов со Катја. Во меѓувреме полицијата стапила во контакт со Ивана и ја викнаа во полициска станица Карпош. Се сретнавме со Ивана во полициска станица Карпош. Имаше модринки од стегање на рацете и на вратот. Тогаш инспекторот Горан ја викна на разговор во посебна просторија а јас останав со внуката во ходникот. Во меѓувреме дојдоа полициски службенички, ја качија на горниот спрат Катја ѝ дадоа мала брошура. Едно време ме прашаа дали Катја е алергична за да ѝ понудат да јаде да се напие нешто. Половина час траеше тоа. Записникот беше направен и утредента требаше да се потпише. Ивана не отиде утредента да го потпише записникот од страв. „Мамо, тато, ќе помине“ ни рече, татко ѝ беше уште жив. Стојанче веќе му се јави на својот адвокат да покрене бракоразводна парница, Ивана се согласи и не сакаше дополнителни нервози. Сакаше тоа да се заврши по мирен пат, да нема проблеми и Катја да биде со неа“, раскажа Стојановска.
Според неа, Ивана најмногу се плашела дека Стојанче нема да ѝ ја врати Катја кога ја земал на средба во време на бракоразводната постапка.
„Секогаш беше во грч дали ќе ја врати назад Катја. Кога Катја тргна во училиште на наставничките им беше пренесено дека се во бракоразводна парница, дека детето гледало неубави работи и малтретирање, да не направи екцес со деца, со тоа што до последен момент Катја во ниеден момент никогаш не покажала агресивност кон другарчиња. Стојанче не беше пожртвуван родител, знаеше да си отспие, да тренира, а тоа дете треба љубов, да го прошеташ. Ретко излегуваа“, кажа мајката на Ивана.
Стојановска посведочи дека Ивана била под голем стрес за време на бракоразводната постапка и оти секогаш кога ќе го видела телефонот дека ѕвони, дека се јавува Стојанче, гласот и треперел.
„Никогаш не се делеше од Катја, ја шеташе. Кога Стојанче ќе се јавеше дека сака да ја земе Катја, Ивана седеше пред зграда во грч, во страв, кога ќе ја врати и дали ќе ја врати. Во Центарот за социјални работи Скопје праша дали мора да ја дава на Стојанче или има термин. Ѝ рекоа дека „не, додека судски не се реши разводот“. Еден ден кога ја зема Катја, Катја ни се обрати со зборовите – „знаеш дека тато има друга жена, и едно машко мало дете со нас во кола“. Жената што била со нив, јадела нешто во кола, сронила од храната во колата. Катја рече – „тато не ѝ рече ништо, а ние да бевме мамо, нас ќе не избркаше од кола“. Кога Ивана доаѓаше со тротинет, не ѝ дозволуваше да го стави назад во гепек. Не ѝ даваше да го стави тротинетот во гепек, туку Ивана возеше по автомобилот, следејќи ја колата со тротинетот. Да не го извалка гепекот“, посочи Стојановска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Стојанче ги натепал па ги оставил Ивана…
Мајката на Ивана, Љубица Стојановска денеска во…
„Бабо, мама чучна долу, а тато ја…
Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за…
Јовановски се чувствува виновен дека ја тепал…
Обвинетиот Стојанче Јовановски на денешното прво рочиште…
„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…
Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…
Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…