Струмичани украле 160 вреќи компир од камион

t

Полицијата сомничи четворица од Струмица дека ноќта меѓу 28 и 29 ноември од паркиран камион „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на К.С. од село Горна Речица, украле 160 вреќи компир, соопшти СВР Струмица.

СВР Струмица информира дека полициските службеници ги лишиле од слобода Ј.А. (40), М.А. (34) и Р.Д. (31), сите од Струмица. И.А. (38) од Струмица бил повикан во просториите на полицијата како осомничен за учество во кражбата.

При службените разговори, сите го признале делото. Од Ј.А. и М.А. биле одземени украдените 160 вреќи компир, кои биле вратени на сопственикот.

За случајот е запознаен јавен обвинител од ОЈО Струмица, а по документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Струмичани украле 160 вреќи компир од камион

Полицијата сомничи четворица од Струмица дека ноќта…

Француската полиција ја ослободи жената приведена за…

Француската полиција ослободи жена осомничена за учество…

Две лица се уапсени за кражбата во…

Две лица се уапсени за кражба на…

ОЈО поведе постапка против крадец кој крадел…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Вработена во казино украла 816.297 денари за…

Полицијата денес извести дека е лишена од…