Студентите ќе ги поддржат средношколците: Протест пред МОН во петок!

t

Во петок од 12:30 часот пред Министерството за образование и наука (МОН), Студентски отпор се приклучува на масовниот протест на студентите и средношколците, велат од младинското движење, додавајќи дека крајно време е студентот да се избори за своите права и да го искаже револтот на улица, кога институциите немаат слух по повеќемесечните барања на студентите.

Ништо од она што беше ветувано од страна на МОН и Владата не е остварено, односно имаме:

– Нетранспарентно договарање на цената за субвенциониран студентски оброк од 140 денари кога сите знаеме колкава е инфлацијата и дека таа сума е деградирачка;
– Континуирано доцнење на исплатата на студентскиот оброк;
– Неодговарање на апликациите за студентски оброк;
– Доцнење на исплата на стипендиите на студентите;
– Мизерни услови за студирање на факултетите, со прокапани кровови;
– Неисполнети ветувања за реконструкција на студентските домови;
– Труење со храна и мизерен оброк во студентските домови;
– Континуиран одлив на мозоци на високообразовани млади луѓе.

Од Студентски отпор се децидни дека доста е од деградирање на студентите и оставање на работ на маргините.

Масовно ќе се приклучиме на протестот заедно со средношколците и подготвени сме правдата да ја бараме со искажување на нашиот став и глас преку масовни студентски демонстрации.
Нема да запреме додека се од горенаведеното не биде исполнето!, велат од Студентски отпор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На протестите на универзитетите се придружија и…

На континуираните студентски блокади на факултетите во…

(Во живо) Секој втор кочанчанец во текот…

Секој втор кочанчанец во текот на 2023…

БРАВО! Македонски средношколци освоија сребро на Интернационалната…

Македонскиот тим од областа на програмирањето за…

ЈСП: Средношколците ќе можат да користат бесплатен…

ЈСП ги информира средношколците кои ги исполнуваат…

(Видео) Крмов на протест со пензионерите –…

Денес пред Собранието на Република Македонија повторно…