Судењето за наставникот кој претепа ученик со боксирач е закажано за 14-ти јануари

Судскиот процес, против професорот по англиски јазик од струшката „Ибраим Темо“, кој неодамна со железен боксирач нападна ученик во училишниот тоалет, започнува на 14 јануари а продолжена му е и мерката притвор на дополнителни 30 дена.
„Како сведоци за сега се предложени тројца ученици, кои биле сведоци на самиот настан, а кои се повикани преку нивните родители,бидејќи станува збор за малолетни лица. Постои можност уште на првата расправа на 14 јануари, да бидат предложени дополнителни сведоци или докази, бидејки таква можност и стои на располагање и на одбраната“, изјави Ади Усени-судија.
Судијата Усеини вели дека ако нема предлог за сведоци и други докази, тогаш не се исклучува можноста уште истиот ден да заврши расправата по предметот, по што може многу бргу да биде донесена и пресуда.
Инаку Основното јавно обвинителство Струга на 30 декември, поднесе Обвинителен предлог против 57 годишниот професор, за сторено кривично дело – Насилство.
„Физичкиот напад следел по претходно влошени меѓусебни односи и вербална расправија. Притоа, обвинетиот замавнал со десната рака на која претходно го имал ставено железниот боксирач и го удрил оштетениот ученик во пределот на главата. Со преземените дејствија обвинетиот нанел телесни повреди кај оштетениот, извршил грубо насилство и во јавноста предизвикал чувство на несигурност“, велат од Основното јавно обвинителство.
Со оглед на тоа, што неколку години, професорот имал проблеми во односот со учениците и колегите,психолозите сметаат дека многу порано требало да се реагира,за да не дојде до сето ова.
„Требало да реагираат и тие органи и тела во самото училиште преку педагошко- психолошката служба, соработка со родителите од тоа дете, со директорот.Имаме и просветна инспекција по општините,така да сигурно дека требале да реагираат порано, дали реагирале и колку, не знам, но очигледно нешто не превзеле посериозно штом ова продолжило“, изјави Милован Србиноски-психолог.
Од училиштето за Алсат велат дека ги имале преземено сите законски мерки кои им стоеле на располагање од усмено и писмено предупредување, суспензија на одредено време, парична казна за професорот.
Извор: alsat.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иван Нисов се огласи од Полска: Состојбата…
Еден од повредените во страшниот пожар што…
Се врати во Македонија првиот од 115…
Попладнево во земјава пристигна првиот пациент кој…
ДУИ: Фактот дека од 35-те приведени лица,…
Демократската унија за интеграција изразува најискрено сочувство…
Ученик од Велес со лисици врзал соучесник…
Во СВР Велес, од Основното општинско училиште…
„Мајкино око душата ми е распарчена“: Млада…
Трагедијата која го погоди Кочани и целата…