Судењето за полицајците од „Пулс“ одложено уште на самиот почеток
Судскиот процес за тринаесетте полициски службеници кои се товарат за „тешки дела против општата сигурност“ за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ по барање на одбраната се одложи судењето. Одложувањето е по барање на одбраната на двајца обвинети, причината е заради друг притворски предмет во кочанскиот суд. Судијката Фанка Јанчулева Михаиловска рече дека телефонски стапиле во контакт со бранителот и побарале да обезбеди присуство на друг адвокат за денешното рочиште со цел утврдување на динамиката на постапката. Застапникот на обвинението, обвинителката Спасенка Андонова рече дека застој од страна на Обвинителството нема и покрај тоа што на претходната обвинителка ѝ истече мандатот.
Спасенка Андонова-обвинителка од ОЈОГОКК
„Застој во постапувањето по сите предмети нема да има, без разлика на тоа кој се јавува како застапник на обвиненијата затоа што станува збор за јавнообвинителски предмети што се проследени до надлежниот суд. Судот е тој кој понатаму ќе ја определува динамиката постапување по истите. Начинот на проследување на предметите секогаш бара еден одреден краток временски период на подготвување. Тоа е нешто што тече најнормално со примопредавање на предметите. Впрочем и вчера непречено течеше главната расправа.“
За барањето на одбраната за спојување на предметите поврзани со пожарот во „Пулс“, Судот и Обвинителството ќе се произнесат на следната расправа.
Спасенка Андонова-обвинителка од ОЈОГОКК
„Ќе ми оставите време, како и Судот што немаше време за разгледување. Истите сега ми беа врачени од страната на Судот ќе морам да ги анализирам.“
Во овој предмет обвинети се 13 полициски службеници, кои се товарат за „тешки дела против општата сигурност“, за пожарот на 16 март минатата година во „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.
Подготвителното рочиште е закажано за 28 мај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Судењето за полицајците од „Пулс“ одложено уште…
Судскиот процес за тринаесетте полициски службеници кои…
Мицкоски: Ако нема основ за поскапување на…
Премиерот Христијан Мицкоски со членови од неговиот…
Трамп: Сериозно размислувам за излез од НАТО
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД…
Уапсени 16 возачи за безобѕирно возење
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Итно потребна крв АБ негатив за десетгодишно…
Преку социјалните мрежи се обратија родителите на…