Судиите и обвинителите повторно бараат повисоки плати преку Уставниот суд

t

Судиите и јавните обвинители со уште еден обид за добијат повисоки плати во 2025 година и покрај тоа што од Власта најавија дека ќе нема зголемување поради ниската доверба во правосудството.

Овој пат користејќи го уставниот инструмент поднесени се иницијативи до ова тело да се оцену уставноста на донесената одлука во законодавниот дом во 2024 со која коефициентот им се намали во просек за 0,5 поени како дел од општото намалување на платите на функционерите заради реакцијата на јавноста за нагло зголемување на нивните плати за 78 отсто во 2023 година и представува мешање во нивната независност.

Иницијатива до Уставен суд

– Покрај одлуката на Уставниот суд донесена од јануари 2024 година, да не поведе постапка, во меѓувреме се променети неколку околности, а за тоа посочува граѓански постапки за надомест на разлика на плата за месец јануари 2024 година, во кои е одлучено на тужителката да се исплати разлика за помала исплатена плата во нето износ од 15 115 денари, како и да изврши доплата на придонесите на тој износ. Притоа се наведува дека одлуката на Основниот суд Тетово, ја потврдува и Апелационен суд Гостивар, а во други судови и други судии имаат поднесено тужби со барања за помалку исплатена плата за јануари 2024 година.

Втората иницијатива пак е поднесена Уставен од здружението на јавни обвинители.

Здружение на јавни обвинители

– Со закони се интервенира во член 6 кадешто се намалува коефициентот за утврдување на плата, според кој од 2.43-3.21 се намалува на 2.15-2.84 за јавните обвинители, додека за членовите на Советот на јавните обвинители од 3.21-3.47 се намалува на 2.84-3.07. Подносителот тврди дека повреден е принципот на независност на јавното обвинителство и Советот на јавните обвинители, дополнително менувањето на платата преку намалување на коефициентите оди во правец да се изгуби предвидливоста во остварувањето на месечните приходи. Во иницијативата се наведува дека со измените во платите е нанесена директна штета на обвинителите и членовите на Советот врз нивниот личен имот, односно личните примања.

Од друга страна пак од синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани велат дека ваквиот потег многу потсетува кога со одлука се зголемија примањата на функционерите за 78 %.

Исто така од УПОЗ сметаат дека доколу се врати коефициентот и се однесува само за судиите и обвинителите ќе се зголеми јазот и револтот кај судската администрација.

Од уставен за тв 24 потврдија дека судиите ќе ги разгледуваат иницијативите на утрешната седница кои што се дел од дневниот ред по што ќе се знае одлуката дали ќе бидат прифатени или пак отфрлени. Во случај да се прифати тие би требало да имаат плус околу 250 на своите плати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судиите и обвинителите повторно бараат повисоки плати…

Судиите и јавните обвинители со уште еден…

Предупредување за таен руски план: Ќе го…

Вадефул додаде дека Европа треба да остане…

Заштитниот саркофаг на нуклеарната централа Чернобил можеби…

Заштитниот саркофаг над уништениот реактор на нуклеарната…

Генералниот секретар на НАТО: Младите ќе земат…

Протестите на младите луѓе во Германија против…

Падна првиот снег во Македонија годинава

Вечерва во Македонија времето е облачно и…