Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

t

Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен по успешна операција на д-р Венко Филипче

Македонската судијка со знакот на ФИБА, Ема Никочевиќ, повторно судеше кошаркарски натпревар и започна ново поглавје, не само во кошарката и судењето, туку и во животот. Таа синоќа судеше пријателски натпревар меѓу кадетските репрезентации на Македонија и на Швајцарија што се играше во СРЦ „Кале“. Тоа беа 40 минути со кои таа ги остави зад себе сите оние здравствени проблеми со кои се соочи во изминатиот период од почетокот на месец јуни. Два месеца траеше животната неизвесност.

– По двомесечна пауза, моето враќање на теренот како кошаркарски судија беше исполнето со мешавина од возбуда и неизвесност. Искрено, имав многу прашања во главата – дали ќе успеам да се снајдам, дали ќе ја издржам физичката динамика на натпреварот, дали ќе го следам критериумот што го бара играта. Сомнежот исчезна веднаш штом ја „свирнав“ првата одлука. Во тој момент, сè си дојде на свое место – вели нашата ФИБА судијка.

Во најтешките моменти, Никочевиќ имала среќа да биде во рацете на врвни лекари, меѓу кои и еден од најискусните хирурзи во земјава, проф. д-р Венко Филипче, кој ја водел сложената операција што била клучна за нејзиното закрепнување.

Ема искажа благодарност и до нејзините колеги кои беа со неа на теренот на вчерашниот натпревар – Бисера Јакова и Иван Мијалковски – како и до сите официјални лица на записничката маса за пријатната и професионална атмосфера. Но, ја истакна и континуираната поддршка од Кошаркарската федерација на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен…

Судијката Ема Никочевиќ се врати на терен…

ФИБА отвори истрага за инцидентот во Куманово

Федерацијата жестоко го осуди говорот на омраза…

Филипче: Институциите вршат притисок врз градоначалниците од…

„Имаме 17 градоначалници и сите можни инспекции…

Филипче: За прв пат после 50 години…

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, денеска…

Шести април нов датум за реизбор на…

Според најавите, ќе се дебатираат актуелните политички…