Судот одлучи дека Германија не смее да враќа мигранти од граница – Мерц: Ние ќе продолжиме

И покрај пресудата во корист на мигрантите вратени од границата, германската влада ќе истрае на построга миграциска политика, изјави денес германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Одлуката на Берлинскиот административен суд го стесни просторот за дејствување… Но, сè уште има доволно простор. Ќе продолжиме да ги враќаме оние луѓе кои се обидуваат да влезат во Германија без важечки патни документи“, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц на маргините на митингот во Берлин.
Тој рече дека новата влада ќе инсистира на безбедноста и заштитата на земјата од „преоптоварување“. „Тоа е сè уште задача со која имаме намера да се справиме“, рече Мерц.
Тој нагласи дека Германија ќе се придржува до законите на Европската унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
Нови детали: Трамп ќе им плаќа на…
Американскиот Стејт департмент објави дека доделил 250…