СУТКОЗ со поддршка за новиот закон за пушење но, синдикатот бара мерки за заштита на работните места

t

Новиот Закон за пушење повторно ја отвора дебатата за балансот меѓу јавното здравје и економските ефекти врз угостителството и туризмот. Синдикатот на работниците угостителството и туризмот (СУТКОЗ) најавува забелешки на предложените измени, но не се против Законот. Сакаат да спречат дополнително намалување на веќе дефицитарниот кадар во секторот. Од СУТКОЗ порачуваат дека го поддржуваат донесувањето на Законот, но предупредуваат дека неговата примена може да има економски последици доколку не се предвидат заштитни механизми за работните места.

„Треба да се најдат начини и мерки истиот да не придонесе за намалување на бројот на работници во овој сектор. Знаеме дека овие два сектори се дефицитарни со кадар, покрај ниските плати, дел од работниците ни заминуваат во странство. Така да сметаме дека и овај ќе биде еден вид на мал удар за исто така намалување на бројот на работници во овие два сектори.“, вели Стојанче Кашиковски.

Според Синдикатот, угостителството и туризмот и сега се соочуваат со недостиг на работна сила. Дел од работниците заминуваат во странство поради ниските плати, а секоја дополнителна рестрикција што би влијаела на прометот на објектите може да значи и нов удар врз вработеноста. Токму затоа, нивниот предлог оди во насока на решение слично на претходното законско решение.

„Знаеме дека и во досегашниот Закон кој што предвидуваше одредени простори за пушачите или така наречени тараси, предвидуваше значи таков дел кој што пушачите ќе бидат во можност да уживаат едностано во тоа нивно задоволство.“, вели Стојанче Кашиковски.

Од синдикатот потенцираат дека терасите или посебни делови за пушачи се клучен дел за бизнисот, но дека клучно е и доследното спроведување и засилените инспекциски контроли.

Пораката на синдикатот е поддршка за закон кој ќе го штити јавното здравје, но со внимателно дизајнирани решенија што нема да предизвикаат дополнителен одлив на кадар и затворање работни места во сектор кој и онака се соочува со сериозни предизвици..

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СУТКОЗ со поддршка за новиот закон за…

Новиот Закон за пушење повторно ја отвора…

Угостителите барале пролонгирање на Законот против пушењето

Прво кампања па примена на Законот против…

СУТКОЗ: Платите во „Комунална“ доцнат, а вработените…

Извршниот одбор на Синдикалната организација на СУТКОЗ…

Обезбедени се средства за плата на вработените…

Ве информираме дека по 7 дневните протести…

Синдикатот на СУТКОЗ ја блокираше „Илинденска“ –…

Вработените во друштвата со ограничена одговорност „Флораком“…