Сè уште не почнала евакуацијата на македонските државјани од Израел, се чека на административни процедури

Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел сè уште не можат да се евакуираат од израелската територија бидејќи во тек се административните процедури, информираат од МНР за ТВ „24“.
Оттаму додаваат дека владиниот авион исто така сè уште се нема упатено кон Израел, додека не се завршат овие процедури по кои нашите луѓе кои се затекнале во земјата зафатена со војна и да тргнат кон Македонија преку трети земји.
– Дипломатско конзуларното претставништво во Тел Авив е во постојана комуникација со македонските државјани кои побарале помош. Во меѓувреме нема нови лица кои побарале асистенција за напуштање на територијата на Израел и бројката останува 22 лица. Досега нема пријавени македонски граѓани за асистенција во Иран“, велат од Министерството.
Премиерот Христијан Мицкоски, пак, информираше дека евакуацијата на деветмина македонски државјани ќе започне денеска или утре и најверојатно ќе се одвива преку Египет.
ОМНР апелираат македонските граѓани да се воздржат од патувања во Израел и Иран, а воздушниот простор над двете држави останува затворен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
Нетанјаху: На пат сме да ги уништиме…
Израел е на пат кон остварување на…
Тие не заслужиле да се изнајми приватен…
Христијан Мицкоски, денеска рече дека владиниот авион…
Франција го блокира пристапот до израелските штандови…
Франција го блокираше пристапот до штандовите на…
Путин и Ердоган го осудија нападот на…
Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…