Објавено на:

Така е кога му се спротивставуваш на Путин? На рускиот опозиционер Навални му се заканува 13-годишен затвор

t

Руското обвинителство денеска побара 13 години затвор за најгласниот критичар на Кремљ и опозициски лидер, Алексеј Навални, обвинет за измама и непочитување на судот.

Четириесет и петгодишниот Навални веќе отслужува затворска казна од две и пол години.

Истражните органи го обвинуваат за проневера на милиони рубљи во вид на подароци дадени на неговите антикорупциски организации и поради „навреда на судот“ за време на едно од неговите претходни рочишта.

Во 2020 година Навални помина неколку месеци на лекување во Германија откако беше отруен со нервен агенс, за што го смета за одговорен рускиот претседател Владимир Путин.

Тој потоа беше уапсен во јануари 2021 година, откако се врати во земјата од Германија и беше осуден на две и пол години затвор за стар случај на проневера што датира од 2014 година. Таа пресуда предизвика многубројни осуди на Западот и санкции против Москва.

Во јуни 2021 година, судот ги прогласи неговите главни организации како „екстремистички“, што доведе до нивно затворање и кривично гонење на многу нивни активисти.

Навални, инаку остар критичар на Кремљ, досега во неколку наврати се изјасни против руската инвазија во Украина и ги повика своите поддржувачи да демонстрираат за мир и покрај ризиците од апсење и судско гонење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кулеба ќе ги убедува африканските држави да…

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, ќе…

Зеленски: Русија минатата недела употребила над 600…

„Руската борбена авијација, со сите средства, мора…

Сијарто: Прекинот на транзит на нафта од…

Министерот за надворешни работи и надворешни економски…

Русија ќе обезбеди поддршка за Северна Кореја…

Рускиот претседател Владимир Путин денеска му порача…

Блумберг: Размена на затвореници меѓу Русија и…

Новинарот на „Волстрит журнал“ Еван Гершкович и…