Талевски: Уставот не смее да се прекршува, а вчера бевме сведоци на прекршување од новиот спикер Гаши

t

„Реагиравме од СДСМ и нашата потпретседателка излезе со конкретна претставка со тоа дека беше прекршен Уставот на државата, затоа што официјален јазик во Република Македонија е македонскиот јазик . Значи заклетвата на сите избрани функционери, без разлика кој од која политичка партија доаѓа, и дали е од една или друга националност, има обврска заклетвата да ја прочита на македонски јазик. Тоа вчера не се случи. Во Уставот е така,“ посочи Миле Талески, пратеник од СДСМ, во емисијата 24 Анализа на ТВ 24, во врска со давањето на заклетвата на новиот претседател на собранието на албански јазик.

Тој се осврна на тоа дека Џафери кога давал заклетва прво ја дал на македонски јазик, па потоа на албански јазик.

„Не смееме да дозволиме да се прекршува Уставот, а вчера видовме негово прекршување од страна на актуелниот претседател на собранието Гаши, уште на неговата инаугурација.

Тој порача дека и претседателот Гаши и пратеничката Мерита треба да се извинат и да се презвземат дејствија од соодветни институции.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

(Видео) Мицкоски од Вашингтон: Кој гарантира дека…

Кој ни гарантира дека внесувањето на Бугарите…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…