Таравари повика сите нeзадоволни од власта да ѝ се придружат на ‘Каузата за нов живот’

Генералниот секретар на опозициската албанска партија Алијанса на Албанците и градоначалник на Гостивар Арбен Таравари вечерва на фејсбук повика на албански јазик неадоволни граѓани од власта да се зачленат во неговата партија, односно да ѝ се придружат на „Каузата за нов живот“.
Во име на Алијансата на Албанците упатуваме повик до секој поединец на возраст од повеќе од 18 години да и се придружи на нашата голема ‘Кауза за нов живот!’ Потребни сме си еден на друг повеќе од кога било досега, бидејќи само така можеме да ги придвижиме ‘рѓосаните сказалки на овој опасен владин часовник! Зачленувањата започнаа и завршуваат на 15 февруари 2022 година. Бројот на пријавени е толку голем, што лесно се разбира нивниот револт против власта! Секоја диктатура која игра против народот може да победи на секој натпревар, но шампионатот на крајот секогаш го добива Народот и ова е Неговото Време! Дојдете! Бидете дел од решението! Потпишете ја историјата, бидејќи… Победата им припаѓа на оние што се осмелуваат!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Претепан познатиот рапер во теретана! Група…
Познатиот рапер Даниел Хернандез, познат како „Tekashi…
Mиа Костова за смртта на Јана: Првите…
Човек не може да се израдува ни…
Мијалков немал никаква врска со „Плацеви на…
Апелациониот суд Скопје постапувајќи по предметот познат…
Медведев: Ако Киев се обиде да го…
Поранешниот руски претседател и актуелен заменик шеф…
Американската комора го повика Косово да се…
Американската комора во Приштина го повтори својот…