Таравари: Постои мито, но треба да се докаже и да има судска пресуда

t

Првиот човек во ресорот здравство, Арбен Таравари соопшти дека Клиниката за онкологија има склучено договори со повеќе веледрогегии како „Алкалоид“, „Пановски“ и уште 2-3. Вели дека отворена е конкуренцијата и се нема предрасуди. Вредноста е некаде од 500 до 700 илјади денари.

Дел од терапијата е веќе стигната, утре стигнуваат уште два и во понеделник уште лекови, информира денеска Таравари. Според министерот, „првпат се случува во нивно време, десет дена да нема терапија“, но, како што вели, „95% од пациентите се третираат и има терапија и немаше само за 5%“.

По вчерашниот случај со фатениот хирург од Битолската клиничка болница како прима мито од пациент, Таравари смета дека Лекарската комора треба да му ја одземе лиценцата, доколку се докаже обвинението, но, како што вели, тоа е прашање за претседателот на ЛК.

-Постои мито – тоа е непобитен факт, меѓутоа колку е тоа, треба да се докаже и да има судска пресуда. Ги охрабрувам сите кои ќе имаат факти, да ги донесат кај нас, во МВР или кај раководителите на клиниките, изјави министерот.

На новинарско прашање дали треба јавно да бидат имињата на докторите кои бараат мито, Таравари вели дека постои презумција на невиност и дека „не се судии ниту полиција“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Левица Битола: Шминкерски и неупотребливи проекти…

*Објава на Левица Битола КАТАСТРОФАЛНИ ВЕЛО -…

Франција го блокира пристапот до израелските штандови…

Франција го блокираше пристапот до штандовите на…

Путин и Ердоган го осудија нападот на…

Рускиот претседател Владимир Путин и турскиот лидер…

До крајот на месецов ќе се знаат…

Процесот на избор на кандидати за градоначалници…

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…