Таравари се ракуваше со Мицкоски, но не со поранешните политички партнери

t

Министерот за здравство и лидер на едното крило на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари денеска беше на ист настан со своите поранешни партнери од коалицијата Вреди, лидерите Изет Меџити, Билал Касами и Фатмир Лимани и премиерот Христијан Мицкоски, откако беше исклучен од владината коалиција поради контакти со ДУИ.

Тие беа дел од официјалното започнување на градежните работи на автопатот Тетово – Гостивар кој е дел од Коридорот 8, но како што јавува Телма, тој се поздравил само со премиерот Мицкоски, но не и со своите поранешни политички партнери.

После празничниот викенд Таравари треба да се сретне со Мицкоски кој треба да одлучи дали тој ќе остане дел од владата, за која премиерот тврди дека е стабилна.

За разлика од денеска, Таравари вчера беше на настан во Слупчане каде беше и лидерот на ДУИ, Али Ахмети и се поздрави со него.

На настанот вицепремиерот Изет Меџити порача дека тие како Влада не снимаат рекламни спотови и дека за разлика од минатото кога ништо не се градело, сега се градела иднината.

-Градиме патишта за нашиот народ. Коридорот 8 е повеќе од пат. Тоа е европска артерија што ги поврзува Јадранот со Црното Море, го поврзува срцето на Балканот. Нашата стратешка одлука е јасна: Македонија ја завршува својата делница и ја носи Европа на Балканот, а Балканот – во Европа – рече Меџити.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Карлсон: Војната со Иран би значела крај…

Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…

Пристигнаа компресивните костуми за повредените во Кочани

Организацијата „Супорт Кочани“ денеска ја презеде првата…

Трамп: Иран требаше порано да преговара

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави на…

Се урна стар мост во Индија, има…

Четири лица загинаа, а 51 се повредени…

Луке Галески стана член на Надзорниот одбор…

Луке Галески, дел од Извршниот комитет на…