Таткото кој тероризираше цело семејство се спроведува во Демир Хисар по објавата на неговата ќерка на Инстаграм!
Ве информираме дека Секторот за внатрешни работи Куманово е запознаен со случајот и интензивно се работи за расчистување на истиот. По консултација со Основно јавно обвинителство и други надлежни институции ќе бидат преземени конкретни мерки против П.Ц. од Куманово.
Лицето се спроведува во Психијатриска болница Демир Хисар, а по претходно добиено решение од Основен суд Куманово, информираа пред малку од СВР Куманово за Инфомакс, во врска со случајот каде татко малтретираше цело семејство.
Неговата ќерка објави видео на Инстаграм откако, како што вели, ниту една институција не помогнала да се справат со насилниот маж, кој често бил пијан, имал упатен акт за во психијатриска установа, но во Бардовци немало место.
A post shared by iNFOMAX mk (@infomax.mk)
Лицето вчера било пријавено во полиција затоа што на мајката на девојката и негова сопруга, ѝ се заканил дека ќе ја убие, но таа имала тавче со врело масло од пржење јајца како штит и така се одбранила.
Потоа бил пријавен во полиција, од каде бил пренесен во психијатриското одделение во кумановската болница каде и сега се наоѓа. Но, од оваа болница на семејството му кажале дека утре ќе го пуштат дома, дека најмногу можат да го хоспитализираат 48 часа, а кога се јавиле во Бардовци, од таму им кажале дека нема место бидејќи се реновира оддел.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатката Ристова: Обвинителството не го заштити тепаното…
По вознемирувачкиот случај на физички и психички…
Професор во средно училиште во Кичево натепал…
ОВР Кичево поднесе кривична пријава против З.С.(68)…
За 8 март дури осум пријави за…
На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…
Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…
Лишен од слобода насилник од охридско, во…
Судска постапка за пет деца за ужасното…
Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…