Објавено на:

Таткото на Александар се сомнева дека син му е грабнат на Кипар: Пред повеќе од 10 денови, во вечерни часови излегол од хотелот и оттогаш му се губи трагата

t

Родителите на Александар Глигоријевиќ (26) од Србија којшто го снемало, откако на 18 јули заминал на летување во Аја Напа на Кипар, тргнале да го бараат таму. Таткото на Александар вели дека ова е трет пат како неговиот син оди во тој град, а сега бидејќи со денови немаат никаква информација за него стравуваат дека е грабнат.

Таткото на Александар вели дека откако син му на 18 јули пристигнал на Кипар, тој кампувал два дена а потоа одлучил да се премести во хостел.

„Секоја ноќ одеше во барови и дискотеки, имаше свои пријатели и пријателки … Александар го засака Кипар, неговиот ноќен, бурен живот, ова му беше трета година да оди на летување во Аја Напа на Кипар. За жал во ноќта помеѓу 26 и 27 јули по нашуштањето на хостелот Александар го снемало“ раскажа Дејан Глигоријевиќ таткото на Александар во своето видео обраќање на социјалните мрежи.

Дејан не исклучува ниту една можност, стравува и се сомнева дека неговиот син е грабнат и по пат на објава на социјалните мрежи, доколку тоа сценарио е точно, ги моли грабнувачите да го ослободат неговиот син.

Според досегашните податоци за престојот на Александар на Кипар, познато е дека последен пат на 21 јули контактирал со пријателот кој живее и работи на Кипар по пат на апликацијата „Вацап“ а потоа го посетил пријателот во барот во којшто работи. Потоа на 28 јули како што раскажал пријателот на Александар, го контактирала неговата мајка, велејќи му дека Александар не се вратил во Србија, а таа не може да стапи во контакт со него бидејќи телефонот му бил исклучен а не бил достапен ниту на неговите профили на социјалните мрежи.

„Кога последен пат разговарала со Александар, тој ја известил дека настинал и дека има некаков вирус. Од тој повик неговиот телефон повеќе не е достапен, поради што неговото семејство се загрижило“, напиша неговиот пријател на Фејсбук.

На пријателот на Александар, рецепционерот на хотелот каде престојувал тој, му кажал дека Александар го напуштил хостелот оставајќи ги сите свои работи таму, коишто од 29 јули се наоѓаат во полиција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Голем пожар во Маџир Маало

Вечерва се запали стара и напуштена куќа…

Американско министерство за финансии: Кина изврши хакерски…

Американското Министерство за финансии објави дека кинески…

Силен земјотрес воТурција!

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според…

Ристовски: До крајот на идното лето пет…

Скопје до крајот на идното лето ќе…

Зеленски: Новата помош од Америка доаѓа во…

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека…