Таткото на исчезнатиот Матеј: Во Белград ја сретнав девојката за која зборуваат сите

t

Откако во српските и хрватските медиуми се појави информација дека исчезнатиот сплиќанец, Матеј Периш, последен пат комуницирал со пријателка, спиќанка која го организирала дочекот во Белград и која на кобната ноќ била во српската престолнина, таткото на Матеј изјави дека тој се сретнал со таа девојка.

Ненад Периш, изјави вели дека имал краток разговор со девојката, која му кажала дека имала пропуштен повик од Матеј, но тоа било пред да се изгаси сигналот на неговиот мобилен телефон.

Таа ми кажа дека вечерта Матеј се обидел да стапи во контакт со неа затоа што видела дека има пропуштен повик од него. Јас ја сретнав пред седиштето на белградската полиција пред десетина денови. Тоа беше случајна средба и таа тогаш ми кажа дека не се слушнала со Матеј, но дека имала пропуштен повик од него. Но тоа било 23 часа порано, кога тој бил поврзан на Вифи мрежа и кога била забележана неговата поледна активност на Ватсап – вели Ненад Периш за „Јутарњи“.

Таа девојка, кој била еден од организаторите на патувањето во Белград, го познавала Матеј долго време, како и нејзиниот брат, кој не бил дел од друштвото со кое Матеј бил во Белград.

Затоа што таа била во Белград, Матеј веројатно се обидел да стапи во контакт со неа – претпоставува Ненад Периш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на Европа ја повикува Бугарија да…

Комесарот за човекови права на Советот на…

Украинските војници заробија нов руски тенк во…

Украинските војници успешно заробија најсовремен руски тенк…

Жена нападната од својот сопруг во скопски…

Пријавен е нов случај на семејуно насилство,…

ЕУ на помош во Грција – пожарите…

Европската унија денеска соопшти дека четири земји-членки…

Германија останува најголемиот финансиер на Европската унија

Како најголем нето финансиер на Европската унија,…