Твитерџии со реакција на негодувањата за поскапувањето на градинките во Центар

t

Од почетокот на мај, родителите на децата згрижени во градинките на територијата на Општина Центар плаќаат повисока цена за месечен престој, откако цената е зголемена за 47,6 отсто.

Со новата одлука, месечниот надомест по дете е зголемен за 710 денари и наместо досегашните 1.490 денари, сега изнесува 2.200 денари.

Иако дел од родителите реагираат на поскапувањето, од градинките веќе испратиле известувања дека оние кои нема да го прифатат новиот ценовник ќе треба да ги отпишат децата.

Темата предизвика бурна дебата и на социјалните мрежи, каде мислењата се поделени. Дел од корисниците сметаат дека цената и по зголемувањето е ниска ако се земе предвид дека децата добиваат грижа повеќе од 20 дена месечно, со неколку оброци дневно.

-Како не ви е срам да се буните за поскапувањето на цената за чување на вашето дете 20+ дена месечно со три оброци и ужинка? 700 денари дополнително ви се многу, а две пива и две кафиња ви се толку? – стои во една од реакциите на платформата „Х“.
Други се согласуваат со ваквите ставови и посочуваат дека чувањето дете дома би чинело повеќе, особено ако се пресметаат трошоците за храна и грижа.

-Дома сама да го чуваш ќе потрошиш повеќе за оброци, грицки и забава – наведува друга корисничка.
Во дискусијата се појавија и пресметки според кои дневната цена за престој во градинка, со најмалку осум часа згрижување и три оброци, изнесува околу 110 денари.

Сепак, има и критики, особено од родители чии деца со години се на листи на чекање и се принудени да плаќаат значително повисоки суми во приватни градинки.

-Што е со децата кои не можат да влезат во државна градинка и мора да одат во приватна? Зошто тие случаи не се субвенционираат? – прашуваат дел од граѓаните.
Дополнително, дел од родителите укажуваат и на проблемот со недостиг на кадар и пренатрупаност во групите.

-Во група има и до 30 деца со две воспитувачки во две смени. Јас би платила и повеќе, само да има повеќе персонал – стои во една од реакциите.
Зголемувањето на цената повторно ја отвори дебатата за квалитетот на услугите, капацитетите во градинките и улогата на државата во поддршката на семејствата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Твитерџии со реакција на негодувањата за поскапувањето…

Од почетокот на мај, родителите на децата…

Зеленски: Украина погоди два танкери од „флотата…

Украинските сили нападнаа два танкери од „флотата…

Потопло време, а кон крајот на неделата…

Потопло време, а кон крајот на неделата…

Владата ја турка државата во финансиска бездна…

СДСМ обвини дека Владата за првите три…

Иран подготвува брутална одмазда во Ормутскиот теснец

Се наведува дека Иран размислува да користи…