Објавено на:

Тектонски промени во автомобилската индустрија: Фолксваген веројатно ќе биде преземен од кинески производител?!

t

Фолксваген веројатно ќе биде купен од кинески производител на автомобили, изјави претседателот на Килскиот институт за светска економија (IfW), Мориц Шуларик, додавајќи дека можеби тоа ќе биде BYD. Шуларик верува дека на Кина треба да ѝ се овозможи пристап до европскиот пазар, но само под услов возилата да се произведуваат и во Европа.

„На Европа ѝ е потребна технолошка автономија во клучните области“, рече Шуларик во интервју за Ziddeutsche Zeitung.

Според водечките економски експерти, европската автомобилска индустрија се соочува со историски пресврт и дека на кинеските производители, кои се најголемата конкуренција, треба да им се овозможи пристап до европскиот пазар, но под услов да ги произведуваат своите возила на европско тло, објавува Nit news.

Фолксваген се бори со пад на профитот, слабеење на продажбата и строга програма за намалување на трошоците. Според медиумските извештаи, во моментов се разгледуваат мерки за штедење кои би можеле да влијаат на дури 100.000 работни места. Неколку други германски фабрики се исто така предмет на разгледување. Фолксваген сè уште не ги коментираше извештаите, но постојано нагласуваше дека неговиот сегашен бизнис модел ги достигнува своите граници во услови на глобална конкуренција.

Притисокот од Кина е особено интензивен. Според Кинеската асоцијација на производители на автомобили (CAAM), Кина сега е најголемиот извозник на автомобили во светот, надминувајќи ја Јапонија. Како што е наведено, производители како BYD, Geely и Chery брзо добиваат пазарен удел во Европа, првенствено со конкурентни цени на електрични автомобили.

„Традиционалниот модел на извоз на автомобили изумира“, рече економскиот историчар Нил Фергусон, додавајќи дека европските производители мора да се подготват за фундаментална структурна трансформација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тектонски промени во автомобилската индустрија: Фолксваген веројатно…

Фолксваген веројатно ќе биде купен од кинески…

Исплатена еврообврзницата од 700 милиони евра, Мицкоски…

Министерството за финансии целосно ја исплати еврообврзницата…

Петровска: Моето учество во Разговорите за Македонија…

Моето учество во Разговорите за Македонија не…

(Видео) Eди Рама за роденденот доби бетонска…

Најмасовните протести досега, 35-ти по ред, се…

15-годишник украл автомобил во Велес, завршил во…

Петнаесетгодишен малолетник од Велес е приведен откако,…