Телото во Зрновци било обезглавено !
Телото на жената кое беше пронајдено во фаза на распаѓање, во кочанското село Зрновци било обезглавено и без други делови на телото. Полицијата, пожарникарите и обвинителството денеска го пребаруваа поширокиот терен околу местото викано Ѓошевски Орев, во близина на Зрновска Река. Жената сè уште не е идентификувана.
Неофицијално, се истражува и дали врз кадаверот влијаел човек или животни.
Од МВР соопштија дека пријавата за телото пристигнала околу 10:40 часот во СВР Штип, по што веднаш биле преземени мерки за увид и расчистување на случајот.
Во истрагата се вклучи и јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кочани, кој излегол на терен и наредил понатамошни дејствија.
Обдукцијата треба да помогне да се утврдат причините за смртта, но и временската рамка во која таа настапила. Тоа е клучно и за идентификацијата и за насоката во која ќе се движи истрагата.
Жителите во Зрновци се потресени и велат, никој од нивното село не бил пријавен за исчезнат, ниту пак се барал.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Телото во Зрновци било обезглавено !
Телото на жената кое беше пронајдено во…
Мило ми е што е мртов, кажа…
На 81 година почина Роберт Милер, бившиот…
Зрновци потресено: Според неофицијални извори, девојка е…
Според неофицијални и засега непотврдени информации, во…
(Видео) Италијанскиот амбасадор: Не постои правна или…
Не постои правна или политичка гаранција што…
На мајмунот Мики му славеа роденден во…
Роденденската прослава на младиот гибон Мики во…