Тело на жена пронајдено закопано во дупка во гостиварско, едно лице уапсено

t

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар во текот на ноќта извршил увид во атарот на селото Неготино, каде што било пронајдено тело на засега неидентификувано лице, закопано во дупка. Според првичните информации, постојат сомнежи дека станува збор за жена која претходно била пријавена за исчезната, со можни индиции дека била противправно лишена од слобода.

По наредба на јавниот обвинител, издадени се наредби за обдукција и идентификација на телото, како и прибирање материјални траги од местото на настанот. Во текот на ноќта биле преземени повеќе истражни дејствија.

Едно лице е приведено и му е одредена мерка краткотраен притвор од 48 часа со цел обезбедување на докази, додека уште едно лице е задржано и се прават дополнителни проверки за неговата поврзаност со случајот.

По насока на јавниот обвинител, истражните органи продолжуваат со активности за целосно расветлување на настанот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тело на жена пронајдено закопано во дупка…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар…

ОЈО бара притвор за насилникот кој упадна…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…

Претреси во Скопје и Куманово поради „злоупотреба…

Поради сомневање за кривично дело „злоупотреба на…

ОЈО предложи притвор за лицата кои вчера…

Основното јавно обвинителство Крива Паланка поведе постапка…