Тепачка во турскиот парламент за време на расправата за буџетот: Хоспитализиран пратеник од опозицијата

t

Пратеник од опозицијата е хоспитализиран во Турција по тепачка во Парламентот за време на тензичната дебата за државниот буџет за следната година.

Телевизиите објавија снимки од десетици пратеници од Партијата на правдата и развојот (АКП) на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и опозициските политички сили како се тепаат меѓу себе. Некои од нив си разменуваат тупаници, а други се обидуваат да ги смират колегите.

Според турски медиуми, Хусеин Јорс, пратеник од опозициската „Добра партија“ бил удрен во лицето. За Јорс се грижел негов колега, по образование доктор, по што со возило на брза помош бил пренесен во болница. Јорс страда од проблеми со срцето и превентивно е сместен на интензивна нега.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

САД контра Турција: Шведска и Финска се…

Портпаролот на американскиот Стејт департмент, Нед Прајс, изјави…

НАЈНОВА ВЕСТ: Трилатералните преговори со Шведска и…

Трилатералните преговори за прием на Шведска и…

НАТО “мало сутра”: Турција ја обвини Шведска…

Министерството за надворешни работи на Турција ја…

Ердоган: Ако сакаат Финска и Шведска во…

Шведска и Финска мора да екстрадираат до…

Се спремаат за Грција? Ердоган: Турција го…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека…