Објавено на:

Тепачки, пијани возачи, одземени возила – Билтен на СВР Тетово

t

На 04.04.2026 во 20:00 часот во с. Маврови Анови, полициски службеници од ПО Маврово го лишија од слобода С.С. (29) од Гостивар. При сообраќајна контрола, тој бил затекнат како управува патничко моторно возило „шкода“ со скопски регистарски ознаки, иако имал активна забрана за управување со моторно возило. По насоки на јавен обвинител возилото е одземено и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
……
На 04.04.2026 во 20:40 часот во населба Фазанерија во Гостивар, полициски службеници ги приведоа Е.Е. (26) и Д.Е. (27), двајцата од Гостивар поради нарушување на јавниот ред и мир. Претходно, околу 19:30 часот, во ПС Гостивар случајот го пријавил Џ.Џ. (31) од Гостивар. Според пријавеното, во неговиот дом настанала вербална расправија помеѓу неговата сопруга А.Џ. (26) и мајка М.Ш. (51) со нивните соседи А.Д., Е.Е. и Д.Е., по што настанала физичка пресметка во која учествувале повеќе лица. По целосно документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
…..
На 04.04.2026 во 19:13 часот во ПС Гостивар е пријавено дека во водите на реката Вардар, на потегот кај угостителски објект во Гостивар, е забележана непозната бела материја. Увид извршија јавен обвинител и полициски службеници од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
…….
На 05.04.2026 во 01:40 часот на ул. „Л.Б.Пиш“ во Тетово, полициски службеници го приведоа А.С. (33) од Тетово затоа што се однесувал агресивно кон полициските службеници додека преземале службени дејства. Утврдено е и дека имал 1,89 промили алкохол во крвта. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
….
На 05.04.2026 околу 02:30 часот на ул. „Благоја Тоска“ во Тетово, поради нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка приведени се Е.И. (20), Д.Љ. (20) и 17- годишен малолетник. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.
….
На 05.04.2026 во 02:20 часот пред угостителски објект на ул. „Борис Кидрич“ во Тетово, Н.С. (21) и М.Т. (19), се приведени поради меѓусебна тепачка и давање активен отпор кон полициските службеници кои преземале службени дејства. По документирање на случајот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маж од Кичево управувал возило и покрај…

Маж од Кичево е лишен од слобода…

Скопјанка натепана од колега во установа во…

45-годишна скопјанка физички нападната од нејзин колега…

20-годишник од Делчево возел со 129 км…

На 02.04.2024 во 18:35 часот на бул.…

Маж со прострелна рана пронајден во пробиштипско…

Вчера попладне, во Пробиштип пристигнала пријава од…