Објавено на:

Терминално болните во Њујорк ќе можат законски да побараат лекови за прекин на животот

t

Американската сојузна држава Њујорк стана 14-та држава во САД, заедно со Дистриктот Колумбија, која ја легализира медицинската помош при умирање за лица со терминални заболувања.

Со новиот закон, полнолетни пациенти на кои лекарите им прогнозирале животен век до шест месеци, под строги законски услови ќе можат да побараат лекови со кои самите ќе го прекинат својот живот.

Законот стапи во сила по повеќегодишна политичка и општествена дебата, во која се спротивставија Католичката црква, дел од здравствените работници и организации за заштита на правата на лицата со попреченост.

Гувернерката Кети Хокул го потпиша законот во февруари, откако во него беа вклучени дополнителни заштитни механизми.

Правото на медицинска помош при умирање ќе го имаат само полнолетни жители на Њујорк со потврдена терминална болест, очекуван животен век до шест месеци, кои се ментално способни самостојно да донесуваат одлуки и физички можат сами да го земат препишаниот лек.

Во меѓувреме, дел од верските организации покренаа судски постапки против законот. Федерален суд неодамна ја отфрли тужбата во која се тврдеше дека законот ги нарушува правата на лицата со попреченост, додека на четири католички монахињи им беше одобрена привремена судска заштита, со што нивните установи се изземени од обврската да учествуваат во неговото спроведување.

Од кабинетот на гувернерката соопштија дека учеството на здравствените и верските институции во примената на законот е доброволно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Терминално болните во Њујорк ќе можат законски…

Американската сојузна држава Њујорк стана 14-та држава…

„Не се гордејте со просекот на матурата…

Либерално-демократската партија (ЛДП) преку соопштение реагира на…

Протест на струмичките земјоделци – мизерна е…

Големо незадоволство изразија земјоделците од Струмичкиот регион…

Годинава 3.000 првачиња помалку

Средношколците со просек 3.66 ја завршија јуснката…