ТЕРОPИСТИЧКИ HАПАД во близина на Ајфеловата кула: Едно лице загина

t

Едно лице загина, а едно е рането во Париз кога маж ги нападна на улица во близина на Ајфеловата кула, соопшти францускиот министер за полиција Жералд Дарман, пренесува РТС.
Француските медиуми јавуваат дека напаѓачот извикал „Алах е голем“ и користел чекан како оружје. Министерот Жералд Дарманен на социјалната мрежа „Х“ напиша дека полицијата го уапсила напаѓачот кој нападна минувачи во Париз.

„Едно лице загина, а друго е рането, а припадниците на противпожарната бригада веднаш и помогнаа. Ве молиме избегнувајте ја областа“, посочи Дарманен.

Уапсениот напаѓач од претходно им бил познат на француските власти како радикален исламист со психички проблеми, пренесува Paris Mond.

Агенцијата Ројтерс, повикувајќи се на Франс прес, пренесува дека осомничениот напаѓач извикал „Алах е голем“, но засега нема потврда за оваа информација. Француската канцеларија за борба против тероризмот не покрена истрага.

Телевизијата БФМ, повикувајќи се на извор од полицијата, тврди дека е убиен маж од германска националност и дека напаѓачот користел чекан како оружје.

„Полицијата многу брзо го неутрализираше напаѓачот. Се обидовме да го спасиме животот на човекот кој загина. Луѓето кои беа нападнати беа туристи“, изјави докторот Патрик Пелу за телевизијата БФМ.

За нешто помалку од осум месеци француската престолнина ќе биде домаќин на Олимписките игри, па инцидентот во центарот на Париз може да отвори нови прашања за безбедноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Клучниот удар на Рељиќ во главата…

Македонската теквондиска Милјана Рељиќ забележа неверојатна победа…

Скандал во Париз: Откажано е натпреварување поради…

Нов скандал се случи на Олимписките игри…

Мојсовска не се пласираше во финалето на…

Анастасија Мојсовска денеска настапи на ЛОИ во…

Израел ја предупреди Франција за потенцијални терористички…

Израел денеска ја предупреди Франција за потенцијални…

БРАВО! Мила Рељиќ ќе ја претставува Македонија…

Maкедонската таеквондистка Мила Рељиќ освои златен медал и стана…