Техеран: Копнена војна во Иран би била „втор Виетнам“ за САД
Потенцијалната американска копнена интервенција во Иран би можела да се претвори во „втор Виетнам“, предупреди заменик-министерот за надворешни работи на Исламската Република, Саид Хатибзаде, оценувајќи дека таков потег би ги вовлекол САД во долга и исцрпувачка војна со непредвидливи последици.
Во интервју за британскиот телевизиски канал „Скај њуз“, иранскиот дипломат одговори на прашањето што би се случило ако американските маринци влезат на иранска територија.
„Прочитајте што се случи во Виетнам“, кратко рече Хатибзаде.
Техеран долго време предупредува дека секоја директна копнена интервенција од надворешни сили би довело до ескалација што би влијаела на целиот регион.
Според иранските претставници, географијата, демографијата и воениот потенцијал на земјата ја прават евентуалната окупација исклучително тежок и ризичен потфат, многу посложен од претходните американски операции во Ирак или Авганистан.
Во исто време, во Вашингтон се испраќаат малку поинакви сигнали. Постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, Мајк Волц, изјави дека конфликтот со Иран, доколку се случи, нема да вклучува интервенција од големи размери како американската инвазија на Ирак во 2003 година.
Сепак, тој не ја исклучи можноста за ограничена копнена операција, доколку се смета за неопходна за постигнување на воени цели.
Во меѓувреме, според агенцијата „Блумберг“, некои високи европски функционери изразија загриженост за недоволно јасно дефинираните цели на американската политика во однос на Иран.
Според изворите на агенцијата, претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, не успеал прецизно да им објасни на своите сојузници од групата Г7 што Вашингтон сака да постигне со воените операции во регионот.
Според овие проценки, коментарите на американскиот претседател за исходот од евентуалниот конфликт со Иран оставиле впечаток на „конфузија и шок“ кај западните сојузници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Техеран: Копнена војна во Иран би била…
Потенцијалната американска копнена интервенција во Иран би…
Радиото „Судниот ден“ повторно емитува мистериозни кодови…
Радиостаницата позната како „УВБ-76“ или „Судниот ден“…
Европа ослободува десетици милиони барели нафта од…
Европа ќе ослободи 73 милиони барели нафтени…
Иран лансирал над 3.400 ракети и дронови…
Нови податоци за воените активности на Блискиот…
Шилегов: „Денеска не е ден за политика,…
„Фокус“ доцна вечерва стапи во контакт со…